Секторот за стандардизација при ИСРСМ, организираше информативна обука под наслов „Мојата работа во ИСРСМ ТК“.
Обуката имаше за цел да ги запознае новите членки на ИСРСМ Техничките комитети со работата на ИСРСМ, работата во ИСРСМ ТК, постапките за усвојување на стандардите и со основната терминологија која ќе се користи при нивната работа како дел од Македонската стандардизација.
На обуката учествуваа околу 20 нови членови на ИСРСМ ТК-и, а предавањето го одржаа Весна Поповска и Катерина Јовановска, советници во Секторот за стандардизација.