Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ИСРСМ И ISME

XX-та Седница на Собрание на Институт за стандардизација на РСМ беше повод да ги поканиме гостите од Институт за стандардизација на Црна Гора. (ISME).

Во таа насока, директорот на ИСРСМ, Џеват Кицара и на ISME, Зоран Гломазиќ потпишаа меморандум за соработка, како потврда за долгогодишна и успешна соработка меѓу двата институти кои остваруваат плодна соработка и поддршка на поле стандардизација. 

Потпишувањето на меморандум за работно техничка соработка има за цел на уште повисоо ниво да ги унапреди меѓуинституционалните и меѓудржавните односи. 

На потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу двете институции ИСРСМ и ISME мегу останатите, присуствуваше претставник од основачот, Владата на Република Северна Македонија, заменик министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Христина Оџаклиевска која се обрати на присутните со честитки за досегашна успешна работа на ИСРСМ и новоизбраната претседателка на собранието на ИСРСМ проф.д-р Јадранка Гилев