Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

НОВ НАЦИОНАЛЕН СТАНДАРД НА ЈАВНА РАСПРАВА Н МКС 1022:2021

Ве известуваме дека од страна на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРСМ, е подготвен нов македонски национален стандард, Н МКС 1022:2021 – Челик за армирање бетон, заварени арматурни мрежи - Карактеристики. Овој стандард е пуштен на јавна расправа од месец ноември до крајот на месец декември 2021 година. На нашата интернет страна Ви е достапна драфт верзијата на стандардот. Со најава преку “Мој профил“ и со користење на алатката за пребарување имате можност за пристап до содржината на стандардот како и можност за гласање и поднесување коментари на нацрт стандардот. Овој македонски национален стандард ги опфаќа барањата за изработка на мрежи, фабрички изработени, машински заварени арматурни мрежи, произведени од ребрести прачки или производи добиени со одмотување на котури кои се во согласност со МКС 1021:2019 Придобивки од имплементација на стандардот е тоа што производиделите и лабораториите ќе се здобијат со важечки изворен национален стандард по кој ќе може да се раководат.

Пристап кон нацрт текстот на македонскиот национален стандард е даден преку следниот линк

Н МКС EN 1022:2021

Види повеќе за проектот

Детални информации за постапката за јавна расправа и процесот на гласање и поднесување на коментари може да се обратите до:

д-р Соња Черепналковска

cerepnalkovska.sonja@isrsm.gov.mk

02 3247 152

Катерина Јовановска

jovanovska.katerina@isrsm.gov.mk

02 3247 154