На 4 октомври, Европскиот парламент со големо мнозинство гласаше за усвојување на универзален полнач за единствениот пазар на ЕУ.
Од 2024 година, полначот USB-C ќе стане единствен полнач за најчесто користената електроника во ЕУ, како што се паметни телефони, таблети, е-читачи, дигитални камери и слушалки, рачни конзоли за видеоигри, преносни звучници и преносни уреди за навигација.
Истиот услов ќе се применува и за лаптопите во 2026 година.
Оваа иницијатива се смета за ефикасен начин и за намалување на е-отпадот и за зајакнување на потрошувачите.
Законодавниот предлог одобрен од Европскиот парламент даде конечно одобрение за задолжителното воведување USB-C како стандарден отвор за полнење на електронските уреди.
Одобреното законодавство се однесува и на потребата да се развијат стандарди за поддршка на иновациите во безжичното полнење и да се донесат овие нови решенија на пазарот.
ИСРСМ има усвоено и публикувано стандард МКС EN IEC 62680-1-3:2021-Универзални интерфејси на сериски шини за податоци и напојување - Дел 1-3: Заеднички компоненти - УСБ-тип C-кабел и спецификација на приклучок
Линк за повеќе инфо за стандардот