Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Нотификација

Постапка за обезбедување на информации во областа на стандардизацијата се спроведува согласно постапки на нотификација, пропишани во Европската Регулатива 1025/2012/ЕС. Во македонското законодавство овие постапки се пропишани и транспонирани во Уредба за постапка за известување на Европската Комисија за донесување на нехармонизирани прописи,технички спецификации и стандарди и Уредба за постапки за нотификација на стандарди, технички прописи и постапки за оцена на сообразност и санитарни и фитосанитарни мерки.
Истото има за цел:

Со примената на оваа Регулатива, односно Уредби националните тела за стандардизација членки на CEN и CENELEC, и националните тела за стандардизација претенденти за полноправно членство во CEN и CENELEC, меѓусебно се информираат за ново усвоени национални стандарди или измени на национални стандарди, освен ако тие не се идентични со меѓународните или европските стандарди.

Почитувајки ја оваа обврска, потребно е ИСРСМ редовно да ги известува европските тела за стандардизација, Европската комисија и Светската трговска организација (WTO), за новите национални стандради уште на самиот почеток на нивниот развој

Информативно - контактно тело за СТО ТБТ (WTO TBT Enquiry point)

Министерството за економија, кое е надлежно централно координативно тело на Владата на Република Северна Македонија одговорно за имплементација и реализација на Договорот за технички бариери во трговијата на СТО (СТО ТБТ), со "Уредбата за постапки за нотификација на стандарди, технички прописи и постапки за оцена на сообразност и санитарни и фитосанитарни мерки ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр.8/05), го определи ИСРСМ како Информативно - контактно тело за СТО ТБТ.
Согласно оваа Уредба, Инфо Центарот дава информации во врска со: