Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Нов национален стандард на јавна расправа

Ве известуваме дека од страна на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРСМ, е подготвен нов македонски национален стандард, Н МКС 1016:2018 – Бетон - Спецификација, својства, производство и сообразност - Правила за употреба на МКС EN 206:2014+A1:2017. Овој стандард е пуштен на јавна расправа од месец јули до крајот на месец октомври 2018 година. Повеќе информации за стандардот ќе најдете на нашата интернет страна www.isrm.gov.mk, каде ви е достапна драфт верзијата на стандардот. Со користење на алатката "Web reading-читална" со регистрација на "Мој профил" имате можност за пристап до содржината на стандардот како и можност за гласање и поднесување коментари на нацрт стандардот.

Овој македонски национален стандард ќе се користи заедно со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2017, Бетон - Спецификација, својства, производство и сообразност.

Македонскиот стандард Н МКС 1016:2018 ќе содржи правила кои се применуваат во врска со стандардот МКС EN 206:2014+A1:2018. Националниот документ кон МКС EN 206, кој е изработен во согласност со одредбите од наведениот стандард, ги дава критериумите за својствата, производството и сообразноста на бетонот и се користи како водич за употреба на МКС EN 206.

Придобивки од имплементација на стандардот е тоа што производиделите и лабораториите ќе се здобијат со важечки изворен национален стандард по кој ќе може да се раководат.

Пристап кон нацрт текстот на македонскиот национален стандард е даден преку следниот линк Н МКС EN 1016:2018 www.isrm.gov.mk/mk/tc/work_programme.php Детални информации за постапката за јавна расправа и процесот на гласање и поднесување на коментари може да најдете на следниве линкови: * Постапка за јавна расправа: www.isrm.gov.mk/mk/images/upload/dokumenti/javna_rasprava__za_na_web1.pdf * Процес на гласање и поднесување на коментари: www.isrm.gov.mk/mk/pages/page_1121.html