Почитувани наши редовни членки, коминтенти, компании, заинтересирани страни и следбеници на нашите социјални мрежи, Ве известуваме дека од 12-ти октомври (вторник) 2021, се очекува стартување на новата веб страна на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ).
Сите новости и информации врзани за усвоени или повлечени стандарди, нивна набавка и сите други информации врзани за работата на ИСРСМ, ќе може да ги следите како на нашата веб страна (isrsm.gov.mk) така и на нашите други социјални мрежи Facebook, Linkedin, Twitter и You tube.