Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

ОФИЦИЈАЛНА РАБОТНА ПОСЕТА НА ИСРСМ НА AFNOR

Делегација на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) предводена од Директорот на ИСРСМ, м-р Џеват Кицара 02-03.12.2021 година оствари многу важна дводневна средба со врвното раководтсво на Францискиот институт за стандардизација, а исто така ја следеше работата на CENELEC комитет каде ИСРСМ има мирор комитети.

Од страна на преставниците од Францискиот институт за стандардизација беше прикажана голема гостопрлимливост и желба да се помогна на нашиот институт во секое поле каде е тоа можно.

Директорот на ИСРСМ, м-р Џеват Кицара најмногу внимание посвети на средбата со Директорот на Стандардизација, г-н Franck LEBEUGLE каде потенцираше дека ИСРСМ и AFNOR треба да ја продлабочат соработката и побара да се направи напор и да се добие берзамерна поддршка и помош од нивна страна, пред се за унапредување и развивање на секторот за сертификација во ИСРСМ, имајќи во предвид дека AFNOR е еден од светските лидери во делот за сертификација.

Директорите договорија дека раководствата на двата институти треба д аго разгледаат Меморандумот за соработка кој е потпишан уште од 2010 и од двете страни да се предложат одредени промени за да на крај се потпише нов меморандум од кој во иднина би произлегле многу посаквуани ефекти и резултати пред се за нас како институт.

Во делот на обуки заинтересираните наши страни, односно експертите кои се вклучени во работата на техничките комитети при ИСРСМ да добијат можност да се обучат преку врвните ексепрти од одредени области кои ги има AFNOR, а сето тоа со цел поголема вклученост во работата на Европските и Меѓународните технички комитети кои ги водат ексепртите од AFNOR.

При тоа делегацијата на ИСРСМ се сретна со дел од експертите кои ги водат обуките во AFNOR каде од нивна страна беа направени презентации за тоа како се водат обуките пред како и за време на пандемијата.