Врз основа на член 26 од Статутот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија бр.07-124/2 од 11.02.2004 година како и Одлука за отпочнување на постапка за именување на Стручни одбори бр.02-403/5 од 02.04.2012 година и Одлука за балансиран состав на Стручен одбор за оцена на сообразност бр.02-403/4 од 02.04.2012 година,Советот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) објавува
ОГЛАС
за именување на членови на Стручeн одбор во Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија
СЕ ОБЈАВУВА оглас за пријавување на кандидати за именување на членови на :
Стручен одбор за оцена на сообразност од областа сертификација на системи за менаџмент со квалитет во состав кој ќе ги претставува клучните интереси за сертификациските активности на ИСРСМ, и тоа :
- индустрија - двајца кандидати,
- основач (органи на државна управа)- еден кандидат,
- високо стручни образовни институции – еден кандидат,
- стопански комори, организации на потрошувачи, консултантски сектор - еден кандидат.
Членови на Стручен одбор можат да бидат стручни лица кои се претставници на заинтересирани организации/институции од горенаведените клучни групи, а предност имаат членките на Институтот.
Критериуми кои треба да бидат исполнети:
Кандидатите треба да достават пријава во пропишана форма која ќе биде објавена на веб страната на Институтот или ќе ја подигнат претходно од Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија и треба да содржи:
- име и презиме на кандидатот и областа за која што се пријавува,
- име на правното лице или институцијата во која е вработен;
- кратка биографија CV на кандидатот, професионалната работа и
професионалниот опис на кандидатот;
- доказ за знаење, искуство и вештини од соодветната област на работа на Стручниот одбор;
- писмена согласност на кандидатот;
- познавање на еден странски јазик;
Учеството во Стручниот одбор е без надомест.
Ненавремената и некомплетна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Советот на ИСРСМ.
Потребната документација кандидатот е должен да ја достави во затворен плик на следната адреса:
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Совет на ИСРСМ
Васил Главинов бр.8, блок 10 – мезанин 1000 Скопје
(со назнака за оглас-за сертификација)