Врз основа на член 5 од Правилникот за формирање и работа на Технички работни тела на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија бр. 02-2563/13 од 02.10.2008 година, Иницијативата за отпочнување постапка за формирање на Технички комитет и Одлуката за отпочнување на постапка за формирање на Технички комитет ИСРСМ ТК 40 - Еврокодови и национални анекси, Советот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) објавува
ОГЛАС
за членство во ИСРСМ Технички комитет,
ИСРСМ ТК 40 - Еврокодови и Национални анекси
СЕ ОБЈАВУВА оглас за пријавување на заинетересирани страни за работа во Технички комитет 40 – Еврокодови и Национални анекси од областите:
EC
EN 1990
Еврокод: Основи за пресметување на кострукции
EC 1
EN 1991
Еврокод 1: Дејствија на конструкции
EC 2
EN 1992
Еврокод 2: Проектирање бетонски конструкции
EC 3
EN 1993
Еврокод 3: Проектирање челични конструкции
EC 4
EN 1994
Еврокод 4: Проектирање спрегнати конструкции
EC 5
EN 1995
Еврокод 5: Проектирање дрвени конструкции
EC 6
EN 1996
Еврокод 6: Проектирање ѕидани конструкции
EC 7
EN 1997
Еврокод 7: Геотехничко проектирање
EC 8
EN 1998
Еврокод 8: Проектирање конструкции отпорни на земјотрес
EC 9
EN 1999
Еврокод 9: Проектирање алуминиумски конструкции
ТК ќе ги врши следните работи и задачи:
- основната работа на овој ТК ќе биде усвојување на Еврокодовите како и координирање на работата на Работните групи (РГ);
- формирање на постојани и привремени РГ;
- подготовка на стручни мислења по однос на македонските стандарди и други стандардизациски документи;
- подготовка и реализација на планот за работа на ТК;
- соработка со другите ТК на Институтот;
- подготовка на национален став, мислења, коментари и гласање по однос на меѓународни и европски нацрт стандарди и стандардизациски документи;
- ги следи и зема учество во работата на техничките работни тела на меѓународните (ISO и IEC) и европските тела (CEN, CENELEC и ETSI) за стандардизација.
На огласот можат да се јават сите заинтересирани правни субјекти.
Заинтересираните страни треба да достават Пријава за членство во ИСРСМ ТК 40 со номиниран претставник во пропишана форма, која се наоѓа на Веб страната на Институтот (www.isrm.gov.mk) или истата може да се подигне директно во Институтот за стандардизација на РМ, кратка биографија за претставникот кој ќе ги застапува интересите на заинтересираната страна која се пријавува за член во ИСРСМ ТК 40.
НАПОМЕНА: Учеството во Техничкиот комитет е без надомест. Членовите на Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 40 - Еврокодови и Национални анекси, не можат да бидат членови на Работните групи на овој технички комитет.
Ненавремената и некомплетна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Советот на ИСРСМ.
Потребната документација треба да се достави во затворен плик до 03.11.2012 год. до 16.00 часот на следната адреса:
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Совет на ИСРСМ
ул.Васил Главинов бр. 8, блок 10 – мезанин, 1000 Скопје
(со назнака: за оглас - за членство во ИСРСМ ТК 40)