Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Отворено барање на експерти за новоформираните технички комитети ТК 37-Метали и металургија и ТК 39-Терминологија

ИСРСМ започнува постапка за формирање на два нови Технички комитети ИСРСМ ТК 37– Метали и Металургија и ИСРСМ ТК 39-Терминологија. Техничкиот комитет треба да го сочинуваат претставници на заинтересираните страни: економски оператори, државни институции, здруженија на граѓани и др. Претставниците на заинтересираните страни треба да бидат стручни и компетентни лица кои работат со оваа материја и кои ќе ги застапуваат интересите на организацијата/институцијата во која работат.

Согласно новиот правилник на ИСРСМ кој се работи според Европските правила за учество за работа во европските и националните работни тела сите членки на техничките комитети при ИСРСМ доколку не се членки на Институтот за Стандардизација на РМ (ИСРСМ), ќе мора да постанат членки за да можат да учествуваат во работата на националните и европските работни тела.

Доколку цените дека сте заинтересирани за учество во процесот на изработка и донесување на македонски стандарди од овие две области, Ве молиме да номинирате еден претставник од Вашата институција за член во ИСРСМ ТК 37 или ИСРСМ ТК 39 користејќи ги следните обрасци.

- Пополнет Образец ОБ_Р2_004 - Пријава за членство во ТК

- Доколку не сте членка на ИСРСМ пополнет Образец ОБ_М2_008 - Пријава за членство во ИСРСМ,

- Кратка биографија за номинираниот претставник

До истите може да пристапите со следење на линкот http://www.isrm.gov.mk/button_37.html

Со почит,

Институт за Стандардизација на Република Северна Македонија