„Панел-дискусија на институциите од инфраструктурата за квалитет со економските оператори во секторот за електрични производи и машинерија“, 19.09.2023, хотел ,,Арка,, - Скопје.
На средбата се презентираа резултатите од истражувањето за состојбата во земјите од CEFTA во секторот за електрични производи и машинерија, спроведено во рамки на проектот „EU4Business: Јакнење на заедникиот регионален пазар преку инфраструктура за квалитет и електронска трговија“, финансиран од Греманската Влада и Европската Комисија, а имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.
Целта на проектот е усогласување со барањата на регулативата од Европската унија, зајакнување на соработката и слободната трговија во рамките на CEFTA , како и да се осигура дека производите пласирани на пазарот се во согласност со релевантните европски барања и се безбедни за потрошувачите.
Во рамки на проектот беше спроведено истражување на состојбата во инфраструктурата за квалитет во двата сектора, електрични производи и машинерија при што беа вклучени институциите надлежни за усвојување и имплементација на регулативата, телата за оцена на сообразност и производителите.
Дискусија на тема резултати и препораки за мерки за подобрување и поддршка во сектпрпт за електрични производи и машинерија
Присуствуваа претставници пд институциите пд инфраструктура за квалитет: Министерствo за екпнпмија, ИСРСМ, ИАРСМ, БоМ, ДПИ), Tела за оцена на сообразност, Eкономски оператори
Од Институт за стандардизација на РСМ учество земаа м-р Жаклина Сековска-Раководител на одделение за управување со квалитет и меѓународна соработка, м-р Горан Плетварски -Раководител на одделение за поддршка на работата на технички комитети од областа на општа стандардизација и м-р Лилјана Хаџиевска-Антовска -Раководител на одделение за поддршка на работата на технички комитети од областа на стандарди од електротехника