Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Политика за приватност

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: ИСРСМ) ја цени и е посветен на заштита на вашата приватност, вклучително и онаа на нашите членки и соработници, учесниците во работата на ИСРСМ, клиентите, посетителите на веб -страната на ИСРСМ и претплатниците на ИСРСМ услугите.

Оваа политика за приватност дава општи информации за начинот на кој ИСРСМ ги собира и ги обработува личните податоци на корисниците на услугите на ИСРСМ, за време на регистрацијата, или за време на користењето на нашата веб-страница и ИТ -алатки, кои се заштитени или со законот за Заштита на лични податоците и подзаконските акти или со Европската регулатива за заштита на личните податоците. ИСРСМ презеде соодветни организациски и технички мерки (на пример, ИТ безбедност) за да осигури дека вашите лични податоци се заштитени. ИСРСМ ги обработува единствено неопходните лични податоци на граѓаните согласно со важечките прописи од областа на заштитата на личните податоци.

Собирањето и обработувањето на лични податоци на граѓанинот – корисник е неопходно за добивање на електронската услуга која ја побарува. Доколку корисникот одбие да ги сподели потребните лични податоци за користење на електронски услуги, ИСРСМ нема да биде во можност да ја обезбеди бараната електронска услуга. Оваа политика за приватност има за цел да ги информира корисниците за информациите за начините и причините во врска со:

Контролор и обработувач на лични податоци

Контролор на личните податоци е Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) со седиште на ул. Јуриj Гагарин, бр.15, кат 3, во Скопје, Република Северна Македонија.

ИСРСМ е единствено национално тело за стандардизација во Република Северна Македонија со статус на јавна установа, компетентно за подготвување, одобрување или усвојување на стандарди од сите области опфатени од Европскиот комитет за стандардизација (CEN), Меѓународната организација за стандардизација (ISO), Европскиот комитет за електротехничка стандардизација (CENELEC), Меѓународната електротехничка комисија (IEC) и Европскиот телекомункационен институт за стандардизација (ETSI). Ако со законот за стандардизација поинаку не е уредено, на ИСРСМ се применуваат одредбите од законот кој се однесува на установите. ИСРСМ има својство на правно лице. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Податоци кои ги собира Порталот

Лични податоци системот ги собира автоматски, штом корисникот се најави преку делот „Мој профил“. Овие податоци системот ги задржува само додека трае корисничката сесија на Порталот, односно додека корисникот е најавен, а потоа се бришат. Лични податоци кои корисникот сам ги дава, се неопходни за да ја добие посакуваната електронска услуга од ИСРСМ. Видот и обемот на лични податоци кои се собираат зависат од електронската услуга која ја бара корисникот. ИСРСМ ги собира само личните податоци кои се неопходни за да овозможи корисникот да ја побара и добие услугата од страна на давателот на истата.

Лични податоци од корисникот се потребни поради следните причини:

  1. Регистрација на корисник;
  2. Користење на електронските услуги обезбедени преку веб страната на ИСРСМ;
  3. Учество во процесот на стандардизациски активности, поврзани со членство во националните 4. ИСРСМ Технички комитети, како и учество во процесот на меѓународна и европска стандардизација;
  4. Отстранување на евентуални проблеми поврзани со корисничкиот профил;
  5. Спроведување на условите за користење на оваа Политика за приватност;
  6. Плаќање за надоместоци и за електронски услуги за издавање на потврда за плаќање (про/фактура) на стандарди, публикации и обуки;
  7. Полесно движење низ веб страната;

Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна, за секој посетител серверот креира логови (записи) со следниве податоци:

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Единствените лични податоци кои ги собира ИСРСМ од регистрацијата на корисникот, се оние кои корисникот доброволно ги доставува за конкретни цели. Можат да бидат собрани некои од следниве лични податоци: име и презиме, поштенска адреса, контакт телефон, факс и email.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на ИСРСМ, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Споделување и размена на податоци со трети страни

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

Користење и обработка на податоците за други цели

Личните податоци на корисникот се користат и обработуваат само за целите заради кои се собираат.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Тасков Филип на следната e-mail адреса: taskov.filip@isrsm.gov.mk

Право на поднесување на барање до ИСРСМ

Ако сметате дека начинот на кој ИСРСМ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете приговор до ИСРСМ.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Со почит,

Институт за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ)