Почитувани,
Ве информираме, техничкиот комитет ИСРСМ ТК 40-Еврокодови и Национални анекси при Институтот за стандардизацијана Република Северна Македонија (ИСРСМ) е во фаза на формирање на работни групи и утврдување на список со експерти за учество во истите, односно учесници во одделни еврокодови за припрема на Национални Анекси
Работните групи во склоп на ИСРСМ ТК 40-Еврокодови и Национални анекси се следните:
РГ 1; Еврокод 1 - Дејствија на конструкции
РГ 2; Еврокод 2 - Проектирање на бетонски конструкции
РГ 3; Еврокод 3 - Проектирање на челични конструкции
РГ 4; Еврокод 4 - Проектирање на спрегнати конструкции од челик и бетон
РГ 5; Еврокод 5 - Проектирање на дрвени конструкции
РГ 6; Еврокод 6 - Проектирање ѕидани конструкции
РГ 7; Еврокод 7 - Геотехничко проектирање
РГ 8; Еврокод 8 - Проектирање конструкции отпорни на земјотрес
РГ 9; Еврокод 9 - Проектирање алуминиумски конструкции
Работните задачи на работните групи кои ќе се формираат при ИСРСМ ТК 40- Еврокодови и Национални анекси претставуваат:
Изборот на членови во работните групи поодделно го врши техничкиот комитет ИСРСМ ТК 40-Еврокодови и Национални анекси по разледувањето на сите пристигнати пријави и биографии од секој поединец.
Ве замолуваме доколку сте заинтересирани за огласот да ни испратите пополнета пријава - Образецот OБ_Р2_085 кој Ви го доставуваме во прилог, како и обавезно Ваша биографија-CV.
Пополнетиот Образец OБ_Р2_085 - Пријава за членство во Работна Група на Техничкиот комитет на ИСРСМ со напомена во која работна група се пријавувате да бидете член, заедно со Вашата биографија-CV можете да ја доставите по пошта, по факс или скенирана по мејл со Ваш потпис.
Првичниот избор на членови во секоја од работните групи поодделно ќе биде извршен од страна на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 40-Еврокодови и Национални анекси.
За дополнителни информации може да се обратите на тел: 3247 150 и 3247 162, или
e-mail:hristovski.vilijam@isrm.gov.mk
Лице за контакт: Христовски Вилијам.
Со почит ,
Институт за Стандардизација на Република Северна Македонија