Работна средба на раководните лица на институциите кои важат за инфраструктура за квалитет во земјава, г-ѓа Мерита Мустафаи директор на Биро за метрологија, г-дин Слободден Чокревски, директор на Институт за акредитација на Р.С.М и г-дин Џеват Кицара, директор на Институт за стандардизација на РСМ.
На средбата е дискутирано по однос на процесот на реорганизација ИПА 2017 проект „Поддршка на државна реорганизација“ каде е нагласен статусот и основните начела на институциите како единствени национални тела, секоја како посебно правно лице, независна и посебна во работата согласно барањата на ЕУ од една страна, воедно потврдена тесна соработка и координација меѓу споменатите институции од друга страна.
ИСРСМ е дел од столбот за инфраструктура на квалитет и како единствено национално тело за стандардизација ги претставува националните интереси во меѓународните (ISO, IEC), европските (CEN, CENELC, ETSI) и регионалните организации за стандардизација.