Делегација на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија предводена од директорот на Институтот, Џеват Кицара, оствари дводневна официјална работна посета на Институтот за стандардизација на соседна Република Србија, на покана на директорката на Институтот, Татјана Бојаниќ.
-Дводневната официјална работна посета се реализираше викендов во Институтот за стандардизација на Република Србија. Целта на оваа работна посета е продлабочување на соработката меѓу двата Института, како добар пример за билатерална соработка на Балканот но и пошироко на регионот. На средбата беа разменети работни искуства од областа на стандардизацијата, беа дадени корисни информации за обуките и техничкото уредување во доменот на стандардите, воедно, беа дадени и идни насоки и планови за натамошна делотворна и плодна соработка и взаемна помош, информира директорот Кицара.
Во делегацијата предводена од директорот Кицара, присуствуваа и вработените од Институтот за стандардизација на РС Македонија: Вилијам Христовски, советник за поддршка на работата на технички комитети од областа на рударство, металургија и градежништво и член на Советот на ИСРСМ, Јасминка Муковиќ, советник за обуки и Суада Ајдарпашиќ, референт за податоци за стандарди и техничко уредување.