Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

РЕГИОНАЛНА РАБОТНА ПОСЕТА И СОРАБОТКА

Директорите на Институтот за стандардизација на Р.С.Македонија (ИСРСМ), м-р Џеват Кицара и Институтот за стандардизација на Црна Гора (ИСМЕ), г-дин Зоран Гломазиќ на 15-16 јули во Подгорица, остварија официјална дводневна посета.

На средбата беа опфатени теми за работата и организацијата на двете институции, работата на Техничките комитети, користењето на системите за обработка на податоци, управувањето со QMS системот, но исто така беше посочена и поддршката за апликацијата за полноправно членство во ISO и CEN/CENELEC на Институтот за стандардизација на Црна Гора.

Вработените од ИСРСМ и ИСМЕ разменија искуства на полето на стандардизација, продажба и промоција на стандарди и одржување обуки, еврокодови со цели и насоки за унапредување и продолжување на идна добра регионална соработка помеѓу двете национални тела за стандардизација.

На заемна чест и задоволство на оваа официјална работна посета е договорено потпишување на Меморандум за соработка и во очекување на идна нивна посета во ИСРСМ во Скопје.