Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Продажба на стандарди

ИСРСМ врши продажба на:

Барањето на стандарди се доставува на Ваш меморандум во писмена форма до ИСРСМ и тоа на:

Во барањето треба особено да бидат наведени ознаката, бројот и годината на издавање на бараните стандарди, како и нивниот целосен назив.
ИСРСМ писмено (на адреса, факс или e-mail) ќе ви даде информација за бараните стандарди.ИСРСМ за доставено барање ви изготвува фактура која ви ја доставува по факс или мејл наведени во барањето.
По уплатата на средствата, контактирајте го Инфо центарот на ИСРСМ за договор за подигање на стандардите.
Подигнувањето на стандардите се врши откако уплатените средства ќе ги видиме на извод.Стандардите заедно со оригинал фактура ќе ги подигнете во архивата на ИСРСМ.Стандардите се продаваат на CD-ROM во pdf. формат. Напомена: Уплатата се врши на образец ПП50. Работно време со странки: секој работен ден од 09:00h – 12:30h.

On Line продажба на стандарди

Во ИСРСМ постои можност стандардите да ги набавите и по електронски пат. Услугата за електронско купување на стандарди со безготовински платежни картици во денешно време е секако полесен, побрз и поедноставен начин да се купат и истовремено превземат потребните стандарди без губење време за наплата во пошта или банка.

Се што е потребно за On Line купување е да се регистрирате на веб стараната на ИСРСМ во делот на Мој Профил и Регистрација, а по креирање на нарачка на стандарди потребно е да изберете опција за плаќање со платежна картица.

Контакт

Инфо центар на ИСРСМ - телефони: 02 3247 159 и 02 3247 157

Заштита на авторските права

Според член 23 од Законот за стандардизација ("Службен весник на Република Македонија" бр.54/2002), македонскиот стандард се издава како посебна публикација и авторските права за него му припаѓаат на ИСРСМ, согласно со Законот за авторските и други сродни права. Се забранува, без согласност на ИСРСМ, делумно или целосно умножување или дистрибуирање на македонскиот стандард.