Институтот за Стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира еднодневен семинар на тема „Стандарди, квалитет и глобална конкурентност“ на кој ќе биде опфатено и значењето на стандардите, бенефитот од примената на стандардите, квалитетот и конкурентноста на компаниите. Семинарот ќе го води претставник на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Семинарот ќе се одржи на 29.05.2012 и 30.05.2012 во просториите на Филозофскиот факултет – Скопје (предавална 19), со почеток во 11.00 часот, а учеството на семинарот е без надомест. За таа цел, Ве молиме да ја пополните пријавата и да номинирате претставници кои ќе земат учество за еден од наведените термини. Вашите пријави можете да ги испратите на следнава адреса: isrm@isrm.gov.mk.