28-29 септември 2023 се одржува, 20 Меѓународен Симпозиум на Друштво на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ), најголемиот настан од областа на градежништвото во нашата земја, хотел Double Tree by Hilton во Скопје
2023 година е година во која се одбележува 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, кој означува пресвртница во македонското, но и европското градежно контрукторство,
Темата на 20 Симпозиум на ДГКМ е “Отпорни конструкции” па во тој контекст ќе биде презентирано целокупното стекнато и применето знаење во изминатите шест децении во областа на асеизмичкото проектирање.
На Симпозиумот ќе бидат прифатени научни и стручни трудови.
Од ИСРСМ е поднесен труд за Стандардите и работата на ТК 45-Информациско моделирање на градби (BIM) на д-р Соња Черепналковска, Раководител на сектор за стандардизација во ИСРСМ.
Претседателот на ДГКМ Проф. Д-р Дарко Наков за подршка и коорганизација на Симпозиумот, додели благодарница на Институт за стандардизација на РСМ, која ја прими директор на ИСРСМ м-р Џеват Кицара.
Воедно Министерот за транспорт и врски г-дин Благој Бочварски, ја истакна важноста и потребата на стандардите од ИСРСМ ТК 40-Еврокодови и Национаклни анекси.
Во фокусот на Симпозиумот ќе бидат и глобалните предизвици поврзани со климатските промени и ефектите кои тие ги имаат врз конструкциите, опфаќајќи ги концептите на робустност, приспособливост, одржливост, трајност, долготрајно менаџирање и доверливост на конструкциите.
На Симпозиумот свои излагања ќе имаат избрани светски експерти од оваа област и ќе бидат прифатени научни и стручни трудови од главната тема, но и од дополнителните теми: