Институтот за стандардизација одбележува 20 години од основањето како единствено национално тело за стандардизација на Република Северна Македонија.
Институтот за стандардизација е полноправна членка на меѓународната организација за стандардизација ISO од 1995, полноправна членка на Европските тела за стандардизација CEN/CENELEC од 2012, придружна членка на меѓународната електротехничка комисија IEC од 2005, и признато национално тело за стандардизација во Европскиот институт за телекомуникациски стандарди ETSI од 2006. Склучени се договори за соработка и со други национални тела за стандардизација од регионот и светот DIN, HZN, ISS, ISME, TSE, IEC, BDS, AFNOR, ISBIH, SAC, DPS, ASI и други.
ИСРСМ континуирано работи на развој и усвојување меѓународни и европски стандарди, преку своите 32 Технички Комитети во кои членуваат експерти од сите области. Во институт за стандардизација сега членуваат 150 членки од разни заинтересирани страни како Стопански комори, Здруженија на потрошувачи, Сертификациски и консултански тела, Производители, Бизнис заедницата, Државни органи, Образовни институции, Невладини организации и др. Преку техничките комитети од различни области досега се усвоиле над 31000 стандарди.
Одржани се повеќе работилници, предавања и семинари и организирани се повеќе обуки за актуелни стандарди преку кои компаниите го зајакнуваат своето знаење и свеста дека воведувањето на стандардите ја подoбруваат нивната конкурентност на домашниот пазар, како и на надворешниот пазар. Стандардите претставуваат мост помеѓу производителите и потрошувачите и се незаменлива и моќна алатка за развојот на трговските односи меѓу земјите во светот. Стандардизацијата претставува една од основните потреби и услови за успешен развој на компаниите како и на економијата на една држава.
Институт за стандардизација и понатаму ќе продолжи да ја води клучната улога во промовирање и развојот на благосостојбата на општеството, развојот на бизнисот и стратегиите на компаниите преку воведување стандарди заради поквалитетни производи и услуги придонесувајќи за поголема заштита и безбедност на луѓето и животната стедина.
ИСРСМ со своето активно учество во стандардизациските активности и понатаму ќе продолжи да ги става стандардите во центарот на севкупниот раст и развој на нашето општество.