Во 2010 од страна на Меѓународната организација за стандардизација е публикуван стандардот ISO 26000 - Упатство за општествената одговорност. Овој стандард ќе им помогне во напорите на организациите да работат на општествено одговорен начин.
ISO 26000 наменет за користење од страна на сите типови на организации, приватни и државни, во развиените земји и земјите во развој.
Меѓународниот стандард ISO 26000 претставува доброволно упатство за спроведување на општествената одговорност и НЕ Е СЕРТИФИКАЦИОНЕН СТАНАДАРД.
Во февруари 2011 година овој стандард е усвоен од Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија - ИСРСМ како македонски стандард со ознака МКС ISO 26000: 2011.