Во обид да се намали бројот на случајни пожари и смртните случаи предизвикани од невнимателно фрлени цигари кои можат да го потпалат мебелот или постелнина, CEN и ISO подготвија стандарди за самогасечки цигари, познати како LIP стандарди.
Станува збор за нова технологија со која цигарите многу побрзо ќе се изгаснат откако ќе бидат фрлени на земја.
Согласно ЕУ Директивата за безбедност на производите и Одлуката на Европската комисија (2011/496/EC), од Ноември, 2011, на ЕУ пазарот можат да се продаваат само цигари кои ќе бидат усогласени со новите (LIP) стандарди (EN 16156:2010 и EN ISO 12863:2010).
Оваа новина, се очекува да биде имплементирана и во Македонија
На оваа работилница акцентот беше ставен на новите LIP( low ignition propensity) стандaрди за цигари, законската регулатива во Македнија и Европа, планираните измени на европските директиви за безбедност на производите (Directive 2001/95/EC) и маркетинг на тутунските производи (Directive 2001/37/EC)