Транспортот на течни хемикалии и течни гасови и ризикот кој со себе го носи оваа дејност, влијае на многу сектори во нашето општество: енергија, индустристрија, текстил, бои, ѓубрива, хемија и пластика, инсектициди, медицински апликации итн.
Овој вид транспорт е силно регулиран на меѓународно ниво:
Директива 2008/68/EC на Европскиот Парламент и Советот од 24 септември 2008 за внатрешниот транспорт на опасна стока, особено преку Договорот за меѓународен превоз на опасни материи по пат (ADR) и Регулативата за меѓународен превоз на опасни материи по железница ( RID). Овие две легислативи претставуваат низа безбедносни барања што треба строго да се следат од транспортерот и производителот на резервоарите.
Во оваа рамка, CEN/TC 296 неодамна ја финализираше ревизијата, а ИСРСМ Совет ги усвои овие два клучни стандарди:
Овој стандард кој ги специфицира барањата за вентили што можат да се користат на резервоари со минимален работен притисок поголем од 50 kPa за транспорт на опасни материи по пат и железница за следните функции:
Резервоари за транспорт на течни производи:
- секундарно затворање на долните водови за празнење;
- основно затворање на врвот на резервоарот (течност, воздух, други приклучоци);
- вентил за аерација на врвот на резервоарот;
- и други вентили како што е наведено во Анекс F од EN 14564:2019 според обемот на овој документ.
Резервоари за гасови:
- секундарно затворање на долните водови за празнење;
- секундарно затворање на врвот на резервоарот за отровни гасови: течна фаза и гасна фаза;
- и други вентили како што е наведено во Анекс F од EN 14564:2019.
Во овој стандард се содржани барањата за ножни вентили за употреба на резервоари со минимален работен притисок поголем од 50 kPa за транспорт на опасни материи по пат и железница.
Се применува на метална опрема на резервоари за следните функции за внатрешни стоп вентили:
- примарно затворање на линии за гравитационо празнење (течни материи);
- примарно затворање на долните водови за празнење (течни гасови: течна фаза и гасна фаза);
- примарно затворање на горното празнење (отровни течни гасови: течна фаза и гасна фаза);
- и други внатрешни вентили како што е наведено во Анекс F од EN 14564:2019 според обемот на овој документ.