Климатските промени се најголема закана со која се соочува човештвото и биодиверзитетот. Стандардите играат клучна улога во намалувањето на емисиите на гасови на стаклена градина, особено јаглерод диоксид (CO2). Затоа денес сакаме да споделиме некои конкретни ресурси за намалување на емисиите што ги поттикнуваат климатските промени.
Постојат различни видови на гасови на стаклена градина кои се испуштаат во различни процеси, а некои од се особено штетни. На организациите им треба јасна слика за нивните емисии на гасови на стаклена градина (GHG) за да можат подобро да ги таргетираат и контролираат. Затоа, почетната точка за сите програми за контролa а потоа и елиминација на емисиите на гасови на стаклена градина, е основната листа на податоци. Податоците за јаглеродниот отпечаток (CFP) на процесите и производите им овозможуваат на организациите, регулаторните тела и компаниите да донесуваат одлуки и потоа да го следат нивниот напредок во намалувањето на емисиите.
Стандардите од серијата ISO 1406x обезбедуваат алатки за мерење на емисии и известување за напредокот на начин кој е конзистентен, споредлив, следилив и, пред сè, валиден.
Тоа се следната серија стандарди, ISO 1406x усвоени како македонски МКС
МКС EN ISO 14064-1:2019 Гасови на стаклена градина - Дел 1: Спецификација со упатство на ниво на организација за квантифицирање и известување за емисии и отстранување на гасови на стаклена градина
МКС EN ISO 14064-2:2019 Гасови на стаклена градина - Дел 2: Спецификација со упатство на проектно ниво за квантифицирање, мониторинг и известување за намалување на емисии на гасови на стаклена градина или зголемено отстранување
МКС EN ISO 14067:2018 Гасови на стаклена градина -- Траги на јаглерод на производи -- Барања и упатства за квантифицирање и комуникација
МКС EN ISO 14064-3:2019 Гасови на стаклена градина - Дел 3: Спецификација со упатство за валидација и верификација на појави на гасови на стаклена градина
МКС EN ISO 14065:2021 Општи принципи и барања за телата за валидација и верификација на информации за животна средина
МКС ISO 14066:2023 Информации за животна средина – Барања за компетентност за тимови за валидација и верификација на информации за животна средина
За повеќе информации, вклучително и неколку примери како стандардите се применуваат од страна на регулаторните тела и организациите за да се ублажат климатските промени можете да добиете информции од ISO брошурата Намалување на климатските промени (Climate change mitigation). Оваа брошура ги опишува стандардите од серијата ISO 1406x и како тие придонесуваат за транзиција кон економија со нулта јаглерод.
ISO Брошурата е достапна на англиски јазик и можете да ја преземете на следниот линк подолу: