Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Обука за стандардот ISO/IEC 27001

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот ISO 27001 - Системи за управување со безбедност на информации. Обуката ќе опфати повеќе аспекти како што се приказ на проблемите кои можете да ги имате во областа на безбедност со информации и кои треба да се решат, детални појаснувања на барањата на стандардот ISO/IEC 27001, оценка на ризикот, основи за менаџмент со ризик, препораки за добар систем за управување со безбедност на информации, сертификација според системот ISO/IEC 27001.