Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Што е стандард

Стандардите се насекаде околу нас, иако ние не секогаш сме свесни за тоа. Еден пример е широко применуван стандард за формат на хартијата "А4"

Постојат неколку различни типови на стандарди кои се однесуваат на и вклучуваат барања и/или препораки во однос на производи, системи, процеси или услуги. Стандардите, исто така, може да претставуваат начин со кој може да се опишат методите на мерење и испитување или да се воспостави заедничка терминологија во рамките на еден специфичен сектор. Во суштина стандардите се договорен начин на правење на работите.

По дефиниција СТАНДАРД е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признато тело, со кој, заради општа и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определни активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување оптимален степен на уреденост во определно подрачје.

Стандардите се изработуваат и се дефинирани преку процес на споделување на знаење и градење консензус помеѓу технички експерти номинирани од страна на заинтересирани страни - вклучувајќи ја бизнис заедницата, потрошувачите, државните органи и академските институции.

Стандардот е документ со доброволна примена, а се состои од технички спецификации базирани на резултатите од искуството и технолошкиот развој.