Стручната работа во областа на стандардизацијата ја вршат Техничките комитети (ИСРСМ ТК) формирани во рамки на Институтот.
ТК е тело составено од заинтересирани страни (членки) од соодветна област, односно тело составено од претставници на органите на државната управа и правни лица: производители, трговски друштва, здруженија на потрошувачи, здруженија на граѓани и стопански комори, образовни и научни институции, сертификациони тела, лаборатории, инспекциски тела и други правни лица.
Задачата на техниките комитети претставува подготовка и реализација на програмата за усвојување на стандарди во определени области, следење и учество во работата на соодветните технички работни тела на меѓународните и европските организации за стандардизација, како и други работи во согласност со П_Р2_029 - Правилникот за формирање и работа на технички комитети.
Во случај кога за определена област не е формиран ТК, и кога не постои можност и интерес за формирање на нов ТК постапката за усвојување на македонски стандарди и стандардизациски документи може да се спроведе преку ПрК на Институтот (Советот на Институтот), односно Работно тело формирано од директорот на Институтот, на предлог на ПрК.