Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија во текот на своето работење успешно организира професионални обуки (семинари, курсеви и работилници) од 2014 година.
Целта на одржувањето на обуките од страна на нашата институција пред сé е збогатување на знаењето во одредени области на стандардизација како и проширување јавната свест за важноста и примената на стандардите како во нашата земја така и во светот
Реализација на обуки по годишен план
Обуки за стандардот ISO 9001:2015
Обуки за актуелни ново усвоени стандарди ( ISO 45001:2018; ISO 22000:2018; ISO 17025:2017)
Обуки за стандарди од специфични области од интерес на компаниите (пример стандарди во областа на градежништво, Еврокодови, стандарди од интерес на МСП)
Обуки за стандарди вклучени во законската регулатива на РМ (нови закони, правилници и различни прописи)
Обуки за стандарди вклучени во регулативите и директивите на ЕУ кои се од интерес на компаниите кои извезуваат од РМ
Реализација на ад хок обуки
Реализација на in-house обуки
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира in-house обуки за стандарди дизајнирани
за вашите потреби
Обуките ги изведуваме во вашата компанија со методи прилагодени согласно вашите потреби и можности и според
потребите на вашето секојдневно работење.
Ако сметате дека на вашата компанија и на вашите вработени им се потребни обуки за стандарди, контактирајте не, нашиот тим ќе го дефинира најдоброто решение за вашите потреби.
За дополнителни информации контактирајте не или испратете ни email.
Лице за контакт:
Раководител на одделение за соработка со клиенти
e-mail: malinovska.ruzica@isrsm.gov.mk
Советник за обуки
e-mail: mukovic.jasmina@isrsm.gov.mk