Зошто би членувале во ИСРСМ и во ИСРСМ Техничките комитети?
Ова е едно од најчесто поставуваните прашања, и можеме да кажеме дека придобивките се големи, но ке издвоиме само неколку од нив:
ПРИДОБИВКИ ОД ЧЛЕНСТВО ВО ИСРСМ
- Редовно известуваање за активностите на македонската, европската и меѓународната стандардизација;
- Учествуваање во работата на управните органи на ИСРСМ (Собрание и Совет на ИСРСМ) и Техничките работни тела на ИСРСМ (ИСРСМ ТК)
- ПОПУСТ при купување на македонски стандарди;
- ПОПУСТ при одредени услуги на ИСРСМ;
- ПОПУСТ при котизациите за семинарите и советувањата што ги организира ИСРСМ,
ПРИДОБИВКИ ОД ЧЛЕНТВО ВО ИСРСМ ТК
- Пристап до најнови информации за стандардите и законската регулатива и на тој начин можност за идентификување на најновите трендови
- Можност за влијание и учество при создавањето на новите стандарди,
- Можност за воспоставување на односи и контакти со експерти и фирми од иста бранша од Северна Македонија и странство
- Зголемена корпоративна слика како лидер во соодветната индустриска гранка,
- ПОПУСТИ за различни настани или материјали (конференции, работилници, списанија), итн
- ПОПУСТ за набавка на стандарди