На 03 Јуни 2019 година во ЕУ Инфо Центар-от се одржа национална работилнца на тема “Подобрување на квалитет на воздухот со помош на стандардите“. Работилницата беше организирана од страна на Институт за Стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) во рамките на проектот ,,Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина”, финансиран од Европска Комисија и EFTA преку FPA договор помеѓу Европската Комисија и Европската организација за стандардизација (CEN).
На работилницата присуствуваа повеќе од 40 претставници од невладиниот сектор, министерството за животна средина и просторно планирање, лаборатории , образовни институции и претставници од општините.
Вилијам Христовски како претставник на ИСРСМ, Сузана Темелковска како претседател на ИСРСМ ТК 9 и Наташа Сандева Кратевска (ИСРСМ ТК 17), дадоа осврт на националната стандардизација за заштита на животната средина, додека експертите : Ангелику Луизу (Организација за стандардизација на Кипар), Андреа Нам (CEN/CENELEC), Роберт Брет (проект советник) и Крис Спилиотопулос (ECOS) презентираа за: европските искуства, европските иницијативи и стандардизација за заштита на животната средина со акцент на квалитетот на воздухот и стандардите од екодизајн регулативата.
На темата екодизајн на печки на цврсти горива, презентација имаше и г-ѓа Ана Петровска, државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во прилог подолу се презентациите од работилницата.