Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

World Tourism Day 2023

World Tourism Day 2023 се одржува секоја година на 27 септември кога се одбележува годишнината од усвојувањето на Статутот на Организацијата во 1970 година.

Оваа година Светскиот ден на туризмот UNWTO, носи тема „Туризмот и зелените инвестиции“ и ја нагласува потребата од повеќе и подобро насочени инвестиции за SDGs, Целите за одржлив развој и е патоказ на ОН за подобар свет до 2030 година.

UNWTO ги идентификуваше инвестициите како еден од клучните приоритети за закрепнување на туризмот и идниот раст и развој.

За Светскиот ден на туризмот 2023 година, UNWTO ја нагласува потребата од повеќе и подобро насочени инвестиции за луѓето, за планетата и за просперитет.

Сега е време за нови и иновативни решенија, а не само за традиционални инвестиции кои го промовираат и поткрепуваат економскиот раст и продуктивноста.

World Tourism Day 2023 година ќе биде повик за акција до меѓународната заедница, владите, мултилатералните финансиски институции, развојните партнери и инвеститорите од приватниот сектор да се обединат околу нова стратегија за инвестиции во туризмот.

Во тоа секако свој придонес имаат и институциите за инфраструктура на квалитет, меѓу кои и ИСРСМ - Институт за стандардизација на Република Северна Македонија и ИСРСМ ТК 44-Туризам и сродни услуги, кои работат на усвојување и развивање стандарди токму од областа туризам и сродни услуги.

Повеќе за Светскиот Ден на Туризмот и неговите цели  според UNWTO