Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Phone: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Yuri Gagarin 15, 3-rd floor, 1000 Skopje
Main menu

CEN/BT N 9244, Формирање на нов CEN/TC Project Committee 'Professions for Information and Communication Technologies’

Почитувани,

Ве известуваме дека до Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), од страна на Европските тела за стандардизација CEN и CENELEC (ESO)1 доставен е документ (CEN/BT N 9244) кој претставува резолуција за формирање на нов Проект комитет од областа на “Professions for Information and Communication Technologies”. За оваа резолуција ИСРСМ како национална членка во ESO, треба да даде национален став/одговор за прифаќање, неприфаќење и/или воздржаност.

За таа цел доколку сметате дека имате интерес во врска со горенаведеното Ве молиме до ИСРСМ да доставите Ваш став и/или евентуална консултација во врска со оваа резолуција.

__Рокот до кој може да се произјасните е најдоцна до 15 август 2013 година.

Како напомена врз основа на пристигнатите коментари треба да се изгради единствен став кој ќе преставува национална позиција и како таква од страна на ИСРСМ, препратена до европските тела за стандардизација за понатамошно одлучување.

Одтука во врска со ова може да бидат консултирани и останати субјекти од оваа област за кои сметате дека имаат интерес, одредена експертиза и се засегнати од предметната тематика. Ставот односно одговорот кој ќе преставува национална позиција треба да биде прифаќање, неприфаќење и/или воздржаност за предметната резолуција.

Доколку Вашиот став е негативен што би значело опција неприфаќање или фундаментално несогласување со резолуцијата тогаш од Ваша страна е неопходен дополнителен коментар со образложение за овие причини. Воедно Ве известуваме дека евентуалниот коментар кои би пристигнал до ИСРСМ а се однесува на образложение за негативен став мора да биде даден на англиски јазик.

Како информација доколку оваа резолуција биде прифатена истата би требало во наредните години да резултира со Европски стандард од областа на “'Professions for Information and Communication Technologies”, и потоа од страна на ИСРСМ усвоен како македонски стандард. Одтука интересот кои би можеле македонските субјекти да го имаат може да биде и во учество и пратење на развојот на овој европски проект преку членство во ИСРСМ.

За дополнителни информации Ви стоиме на располагање.

Лице за контакт: Горан Плетварски, pletvarski.goran@isrm.gov.mk

Со почит.

1 CEN - (European Committee for Standardization) Европски комитет за стандардизација

CENELEC - (European Committee for Electrotechnical Standardization) Европски комитет за електротехничка стандардизација