Почитувани,
До Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), од страна на Европското тело за стандаризација CEN (ESO) доставен е документ (CEN/BT N 9397) кој преставува барање за предлог за формирање на нов Технички комитет од областа на “Entertainment technology – Equipment, technical installations and machinery used on stages and other production areas within the entertainment industry”. По овој документ BТ одлука ИСРСМ како национална членка во ESO, треба да даде национален став/одговор за прифаќање, неприфаќење и/или воздржаност.
За таа цел доколку сметате дека имате интерес во врска со горенаведеното Ве молиме до ИСРСМ да доставите Ваш став и/или евентуална консултација во врска со оваа резолуција. Рокот до кој може да се произјасните е најдоцна до 07 март 2014 година.
Како напомена врз основа на пристигнатите коментари треба да се изгради единствен став кој ќе преставува национална позиција и како таква од страна на ИСРСМ, препратена до европските тела за стандардизација за понатамошно одлучување. Одтука во врска со ова може да бидат консултирани и останати субјекти од оваа област за кои сметате дека имаат интерес, одредена експертиза и се засегнати од предметната тематика. Ставот односно одговорот кој ќе преставува национална позиција треба да биде прифаќање, неприфаќење и/или воздржаност за предметната BT одлука.
Доколку Вашиот став е негативен што би значело опција неприфаќање или фундаментално несогласување со BT одлуката тогаш од Ваша страна е неопходен дополнителен коментар со образложение за овие причини. Воедно Ве известуваме дека евентуалниот коментар кои би пристигнал до ИСРСМ а се однесува на образложение за негативен став мора да биде даден на англиски јазик.
Како информација доколку оваа BT одлука биде прифатена истата би требало во наредните години да резултира со европски стандарди и/или стандардизациски документи од горенаведената предметна област, а потоа согласно обврската која ИСРСМ ја има, да бидат усвоени како македонски. Одтука интересот кои би можеле македонските субјекти да го имаат може да биде и во учество и пратење на развојот на потенцијалните идни европски проект од оваа област, преку членство во ИСРСМ.
За дополнителни информации Ви стоиме на располагање. Лице за контакт: Горан Плетварски, pletvarski.goran@isrm.gov.mk
Со почит.