На ден 27 Фебруари 2012 во просториите на ИСРСМ се одржа Конститутивна Седница на ИСРСМ ТК 38-Тутун и тутунски производи.Иницијтива за формирање на Технички комитет од оваа област поднесе Научниот институт за Тутун од Прилеп,а Советот на ИСРСМ донесе одлука за негово формирање.
Техничкиот комитет треба да го сочинуваат претставници на заинтересираните страни: економски оператори, државни институции, здруженија на граѓани и др. Претставниците на заинтересираните страни треба да бидат стручни и компетентни лица кои работат со оваа материја и кои ќе ги застапуваат интересите на организацијата/институцијата во која работат.
Согласно новиот правилник на ИСРСМ кој се работи според Европските правила за учество за работа во европските и националните работни тела сите членки на техничките комитети при ИСРСМ доколку не се членки на Институтот за Стандардизација на РМ (ИСРСМ), ќе мора да постанат членки за да можат да учествуваат во работата на националните и европските работни тела.
Доколку цените дека сте заинтересирани за учество во процесот на изработка и донесување на македонски стандарди од оваа област, Ве молиме да номинирате еден претставник од Вашата институција за член во ИСРСМ ТК 38 користејќи ги следните обрасци.
- Пополнет Образец ОБ_Р2_004 - Пријава за членство во ТК
- Доколку не сте членка на ИСРСМ пополнет Образец ОБ_М2_008 - Пријава за членство во ИСРСМ,
- Кратка биографија за номинираниот претставник
До истите може да пристапите со следење на линкот http://www.isrm.gov.mk/button_37.html
Со почит,
Институт за Стандардизација на Република Северна Македонија