ISO 9001, најпопуларниот стандард во светот за менаџмент со квалитет е под ревизија, a новата верзија треба да биде публикувана до крајот на 2015 година. Ревизијата зема во предвид голем број на прашања со кои се осигурува подобрувањето на способноста на организацијата постојано да обезбеди производи кои ги исполнуваат барањата на клиентите. Нацрт-стандардот е напишан со користење на високо структурно ниво кое е заедничко за сите нови стандарди за системи за менаџмент. Ова овозможува лесна интеграција при имплементирање на повеќе системи за менаџмент. Сите барања се применуваат и на производи и услуги и се прилагодени на особеноститена услугата. Покрај тоа, посебен акцент е ставен на процесниот пристап, бидејќи ова е еден од темелите на било кој систем за менаџмент со квалитет. ISO/DIS 9001 јасно ги опишува информациите што треба да се утврдат заради точното докажување на менаџментот со процесот, вклучувајќи ги ризиците и можностите за решавање со цел да се постигнат очекуваните резултати. Соодветно на тоа, барањата во врска со пристапот на ризик се јасно вклучени во ISO/DIS 9001, нагласувајќи ја неговата важност при планирањето на системот за менаџмент со квалитет и процесите. Дознајте повеќе и купете копија од ISO/DIS 9001 ISO/DIS 9001 е пуштен во јавна расправа во ISO и CEN на 10 јули 2014 година . Сите заинтереситани страни имаат можност за дадатсвои коментари во врска со нацрт верзијата на меѓународниот стандард до 15.09.2014 година користејки ја “Формата за коментари“.