На 05 Октомври 2011 година (среда) во 10.00 часот во амфитеатарот на Технолошко Металуршкиот факултет- Скопје ќе се одржи средба на делегација од Меѓународната организација за стандардизација ISO и бизнис заедницата - сите заинтересирани страни во Република Северна Македонија. Средбата ќе претставува одлична можност за запознавање и одговор на сите ваши прашања поврзани со меѓународната и македонската стандардизација кои се од интерес за вашето работење. Ве молиме доколку сте заинтересирани, Вашето присуство да го потврдите во ИСРСМ најдоцна до 03 Октомври 2011 (понеделник).
Потврдата за присуство и кој претставник ќе биде номиниран пратете ја на следните меил адреси:
- shutarova.orhideja@isrm.gov.mk - isrm.info@isrm.gov.mk. или на факс : 02/3247 151