Instituti për standardizim i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Phone: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Yuri Gagarin 15, 3-rd floor, 1000 Skopje
Main menu

Обука за стандардот ISO 9001

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот ISO 9001. Обуката ќе биде фокусирана на најновите промени кои се воведени во новата верзија на стандардот ISO 9001 која веќе во 2015 ќе се применува. Обуката е осмислена на тој начин да ви овозможи да ги примените теоретските знаење во секојдневното работење. Оваа обука е создадена да ви обезбеди нови знаења и вештини, со цел истите максимално да ги искористите во организациите.

Обуката ќе ја води сертифициран експерт Владимир Симиќ од Euroquality group, Србија, кој има повеќе од 35 години искуство во контролата на квалитетот, управувањето со квалитетот како и подобрувањето на квалитетот. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати.

Ве покануваме да учествувате на обуката за стандардот ISO 9001 која ќе биде одржана на 06 Октомври 2014. Заради организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 01 Октомври 2014. Цената за обуката изнесува 9200 денари, а за повеќе учесници од иста институција како и за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Лице за контакт:

Ружица Јовановиќ-Малиновска

раководител на одделение за обуки

телефон: 02 3247 150

мобилен: 076 448 791

емаил: malinovska.ruzica@isrm.gov.mk